Опис
„Јазик за двајца“ е четвртата поетска книга на Бранислав Николов, издадена под уметничкото име Пијан Славеј. Николов е перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“.
„Јазикот за Бранислав Николов (Пијан Славеј) е клучен елемент, објект и субјект, негово лирско јас и глас. Тоа е жив македонски јазик, со ритам и рима што поетот/пејачот ги чувствува и со срце и под кожа, со звучност и мелодичност на кои им калеми дијалекти и архаизми
(арач, ѕенѕар, налет) со леснотија и за читање и за пеење.“, пишува критичарката Александра Јуруковска за „Јазик за двајца“.
Коментари
Нема критики сеуште.