Портрети

350 ден

Опис

Во најновата книга Портрети Александар Прокопиев воплотува две свои пасии – пасијата за пишување и пасијата за пријателство. Собирајќи парченца сеќавања расфрлени по животниот пат со особено внимание кон детаљот, Прокопиев составува прозни целини распоредени во четири групи портрети: Семејни, Од животот + книжевни, Белградски студентски и Меѓу сонот и јавето.

Приказните во оваа автобиографија на пријателството настануваат преку сликите извлечени со внатрешната камера на сеќавањето, па можеби токму затоа овие Портрети на најдобар начин ја посочуваат ролјата што ја има љубовта во поврзувањето на луѓето преку заемна наклонетост. Меѓу другото, тие прашуваат и нешто многу важно, како што прашува Лаелиј во разговорот со Фаниј и Скаевола во философската расправа на Кикерон За пријателството: „Има ли нешто послатко од тоа, одошто да имаш некого, со кого ќе се осмелиш да зборуваш, како што зборуваш со самиот себе?“

Дарин Ангеловски

Додатни информации

Број на страници

187

Димензии

200

Година на издавање

2026

ИСБН

978-608-256-204-9

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Портрети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…