Posted on Leave a comment

„Разузнавачки извештаи“ од Хорхе Асис, најдобриот писател на политички романи во Аргентина

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави романот „Разузнавачки извештаи“ од аргентинскиот писател Хорхе Асис.

Во романот „Разузнавачки извештаи“ сè е лукаво и со две острици. Исто како и оние разузнавачки извештаи што ги разменуваат агентите на тајните служби, а кои ја обликувале темната позадина на еден период од аргентинската историја. Како идеална тема за проникнувачката и застрашувачка проза на Хорхе Асис, „Разузнавачки извештаи“ првпат е објавен во 1987 година, но е зачудувачки актуелен и релевантен и денес. Во овој роман може да се прочитаат затскриените интриги и заплети кои ја распарчуваат Аргентина, буквално и метафорично.

HO6UWfKQ_400x400Хорхе Асис е најдобриот писател на политички романи во Аргентина, а сите неговите дела се бестселери. Асис е новинар, писател, дипломат. Тој беше амбасадор на Аргентина во УНЕСКО, во Франција и Португалија, Национален секретар за култура…

Posted on Leave a comment

„Лесна глава“ на руската писателка Олга Славникова на македонски јазик

Со силни, духовити реченици и остра анализа, квази-книжевниот експеримент на Олга Славникова ги става архетипските руски квалитети на тест – но под услови на глобализација: индивидуализмот наспроти комунизмот, самостојноста наспроти општеството, подготвеноста да се направат жртви наспроти егоизмот. Прашањето е: Колку вреди денес руската душа?

„Лесна глава“, која деновиве на македонски јазик ја објави „Прозарт Медиа“ во превод од руски на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов ќе можеше да се дефинира како политичка фарса, доколку немаше многу горчлив крај, горчлив како оној во дистописката адаптацијата на Орвел – „Бразил“ на монтипајтоновецот Тери Гилијам.

slavnikova

Олга Славникова е родена во 1957 година во близина на Екатеринбург. Пишува критики и есеи за повеќе руски магазини и списанија. Била член на жирито на Рускиот Букер во 1999 година. Во 2000 година била дел од одборот за наградата за краток расказ на Нови мир, а денес ја доделува дебитантската награда на фондот Поколение. Нејзиниот роман „Вилино коњче, порасна до кучешка големина“ беше меѓу финалистите за Букоровата награда во 1997 година. За романот “Сам во огледалото” ја доби наградата „Базгов“ и беше номинирана за Букеровата награда во 2000 година. 2006 година ја доби наградата Руски Букер за нејзиниот роман „2017“. Добитник е и на наградата „Џенима“ во САД. Олга Славникова живее во Москва.

Posted on Leave a comment

„Свињите“ на Феликс Бруцоне

И покрај тоа што е клучна фигура во аргентинската литература во последните години, Бруцоне е исто така чистач на базени. После 13 години работа во вили и затворени заедници во предградијата за да преживее, оваа книга излегува од длабочините на неговото искуство. Во оваа пародија за киднапирање и исчезнување – „свињите“ е колоквијален термин за луѓето кои исчезнаа за време на аргентинската диктатура во 1970-тите.

Авторот Бруцоне ја раскажува судбината на две девојки, кои веруваат дека се киднапирани и бараат засолниште, приближувајќи се кон млад човек кој во тој момент го носи ѓубрето надвор. Енди се согласува да ги заштити девојките, но плашејќи се од можните реакции на неговата сопруга, тој одлучува да ги чува како тајна во просторијата каде што вежба караоке. Чичко Гордини е соучесник на Енди низ целата приказна, а заедно, двете девојки и нивните чувари – или киднапери? – ќе доживеат низа авантури кои пркосат на каква било логика или судбина.

imagesБруцоне во оваа книга сугерира свет на целосна слобода или бес, реалност која се граничи со апсурдот. Па така, марсовци, зајачици и лудо киднапирање се само некои од елементите во овој фиктивен универзум.

 

 

Posted on Leave a comment

„Волшебните очила“ – уште една книга за деца од серијата „Волшебни книги“ на Фатих Ердоган на македонски

Емре има неверојатна способност – може да гледа низ предмети! Кога се појави на ТВ и ја покажа својата способност, веднаш го привлече интересот на професорот. Оваа авантура ги носи нашите читатели во џунглите на Јужна Америка во потрага по одамна загубено племе!

Ова е содржината на книгата за деца „Волшебните очила“ на најпознатиот турски современ писател за деца, Фатих Ердоган од неговата серија „Волшебни книги“ која деновиве „Прозарт Медиа“ ја објави на македонски јазик во превод на Анета Матовска.

fatih erdoganФатих Ердоган во 2017 е номиниран за најзначајната награда за детска литература во светот, „Астрид Линдгрен“. Тој важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.

Posted on Leave a comment

Турскиот бестселер за првата љубов „Ја сакам“ на македонски јазик

Нашата прва љубов…

Никогаш не е лесно да се опише,

никогаш не е лесно да се зборува за неа, особено во нашата младост.

Најпознатиот турски современ писател за деца, Фатих Ердоган, прекрасно ги прикажува овие чувства и им помага на нашите млади читатели во процесот на разбирање на љубовта.
Книгата која беше бестселер во Турција, со продадени 18.000 копии, конечно излезе од печат на македонски јазик во издание на „Прозарт Медиа“.

fatih erdoganФатих Ердоган во 2017 е номиниран за најзначајната награда за детска литература во светот, „Астрид Линдгрен“. Тој важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.

Posted on Leave a comment

Поезија од Пијан Славеј во Битола

Во битолската Магаза на 22 јуни беше промовирана книгата „Креветизам и хоризонтала“ на Бранислав Николов, фротменот на групата „Фолтин“, издадена под уметничкото име Пијан Славеј.

Изданието е како вели авторот џепно книже-поезија во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа “.

35236452_1544703122301706_3106864455846199296_n 36088159_1544702802301738_3185177296088596480_n 36087464_1544703048968380_7066904691661078528_n 36027137_1544703022301716_1687749717275967488_n  36176357_1544703085635043_4476692855556931584_n

Posted on Leave a comment

Роман за германски Џејмс Бонд на македонски јазик

Крими романот „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“, за Теодор, германскиот Џејмс Бонд од 21 век,зачинет со музика од Стинг, Шаде, џез од латвискиот писател Ото Озолц деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт Медиа“. Овој роман е одговорот на Латвија за британскиот Џејмс Бонд и американскиот Џејсон Борн, напишан од Ото Озолц. Книга која ги предвидува настаните пред и по Асанж, но и најновите настани во Каталонија!

Кремљ на Путун ги одгатнува најдлабоките пропусти на Западот. Светската војна е на прагот. Јазот меѓу општата јавност и политичките и економските елити во Европа и во САД станува огромен, исто како и пред Првата светска војна. Во Путинска Русија, поранешен агент на КГБ, сега олигарх милијардер со пристап до ресурсите на сите руски разузнавачките служби, прави заговор за да ги уништи темелите на слободниот свет. Зад неговиот јавен имиџ на плејбој, се крие човек кој добро ги познава западните навики и ги детектира. Со зголемувањето на глобалните тензии, неговата цел е да го подели Западот и да излезе победник во конфликтот што ќе го превизвика. Специјални служби од Германија, Португалија, Финска и од други европски земји се обединуваат за да се соочат со заканата од Русија, и – дали нешто некогаш се случува без Американците? Теодор е човекот во средината, шпион кој работи слободно. Танцот може да започне. Рибата слон не е само риба.

otto_ozols-664x472

За авторот

Ото Озолц е роден во 1970 година во Латвија, тогаш окупирана од Советскиот Сојуз. Живеел во време на бунтот против советскиот режим и неговиот последователен пад, како и транзициските години од планетарната економија до капитализам кои ја карактеризираа Латвија во деведесеттите години од минатиот век.

Во 1990 година за прв пат патувал во Скандинавија каде студирал право и работел паралелно во телевизија, како уредник на вести. Од средината на 1990-тите работел во разни меѓународни трговски друштва. За време на овој период, тој поминува неколку години во Финска и Германија.

Денес работи како публицист. Во 2010 година, го издава својот прв роман кој брзо станува бестселер во Латвија. Во 2014 излегува неговата втора книга „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“.

 

Posted on Leave a comment

“Опис на градот” од рускиот писател Данилов на македонски

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ деновиве го објави романот „Опис на градот“ од рускиот писател Дмитриј Данилов. Станува збор за книга која раскажува за дванаесет повторни посети на еден град, не премногу далеку од Москва, со одлична железничка конекција. Иронично допадлив и на места урнебесен обид за опис на еден град преку извонреден наративен дискурс. Преводот од руски го направија Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов, а е реализиран со финансиска поддршка на Федералната агенција за печатени и масовни комуникации во рамки на програмата „Култура на Русија (2012-2018).

Писателот Данилов е автор на четири романи и добитник на Меѓународната награда Letterare Citta di Cattolica во 2016 година.

Данилов пишува за просечен индустриски град со Советска патина и многу малку туристички атракции. Луѓето одат на шопинг, престојуваат во хотелите, патуваат со автобус, трамвај… Но, овој опис на градот нема никаква врска со туристички тури, со имиња, адреси, работно време на музеи, хотели, ресторани и слично. Во овој град нема речиси ништо посебно да се види, да се доживее, да се забележи. Токму поради тоа Данилов е заинтересиран не за она што е посебно, туку за вообичаеното. Затоа, овој град е негов избор.

Градот се оди, истражува, опишува, така што станува „крв и месо“ на крајот, според зборовите на нараторот Данилов. И тоа на две нивоа: на нараторот и на читателот оддалечен од безимениот град. И двете се чини ги менуваат улогите во бизарна мимикрија. На крајот, како читател веќе немате чувство дека го придружувате нараторот во неговите прошетки низ градот, ами наместо тоа чувствувате дека вашата прошетка низ градот е во придружба на нараторот. Описот на градот ве учи да истражувате простори и да се откривате во нив.

Тоа може да биде било кој град во светот. Градот на Данилов, сепак, има две нивоа поради тоа што е роден град на авторот кој има култен статус меѓу руските книжевни вљубеници со романот „Град Н.“ од Леонид Добушин. Зградата каде што живеел – сега исчезната. Тој самиот исчезнал во март 1936 година, откако неговиот роман „Град Н.“ бил растргнат од сталинистичките критичари. Темата на отсуство има три константи во градот и книгата на Данилов: тишина, празнина и сивило – малку дијалог, неколку ликови и недостаток на акција. И колку повеќе има отсуство, толку повеќе недостасува, толку повеќе овој град, оваа книга влегува под кожа.

Згора на тоа, приземниот и иронично пријатен, на моменти смешен обид на Данилов да се чувствува како дома во чудно место е, исто така, вистинско доживување за оние кои сакаат да истражуваат градови во трамваи. Фудбалските навивачи се, исто така, прифатливи.

Авторот е роден во Москва во 1969 година. Прозен писател познат по документаристичкиот стил  податлив со неизвесност и сув хумор. Ја почнал кариерата како новинар и патеписец. Освен четири романи, Данилов е автор и на две збирки со кратки раскази. Негови текстови се објавени во списанија во САД, Холандија, Белгија и Италија. Тој е и главен уредник на официјален блог за голема автомобилска компанија. Живее во Москва.

Posted on Leave a comment

„Жените на Карантина“ – ремек-дело на модерната египетската литература сега и на македонски јазик

Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската литература. Барокен криминален роман чие дејствие започнува на 28 март 2064 година, во Александрија од иднината, од млад Египетски писател кој ветува. Романот „Жените на Карантина“ на писателот Елтоухи не треба да го гледаме само како вообичаена современа сатира, туку како наследник на темниот хумор на Палестинскиот писател Хабиби. Всушност, романот на Елтоухи е во дел смешен египетски филм, дел социјална критика, а во дел голем роман кој наликува и на хумористична верзија на “Децата од нашата улица“ од нобеловецот Нагиб Махфуз.
Posted on Leave a comment

Брз криминален трилер од арапскиот запад на македонски јазик

Абделилах Хамдучи е еден од првите писатели на полициска литература на арапски јазик и е плоден, наградуван сценарист на полициски трилери. Многу од неговите романи, вклучувајќи го и познатиот „Последниот облог“, се поврзани со демократијата и прашања од човековите права. За неговиот роман „Белокрилест инсект“, Liberation Kaleidoscope напиша: – „Абделилах Хамдучи изгледа ја пронашол формулата за појавата на мароканскиот детективски роман”.

Кога четвртото тело во рок од три дена ќе биде исфрлено на брегот на Тангер, со куршум во градите, детективот Лаафрит знае дека ова не е само уште еден имигрант кој не стасал до шпанскиот брег.
Препродавачи. Дилери на дрога. Шверцери. Тие знаат што значи да се внесе пиштол во Марко. Тоа го знае и Лаафрит. Додека неговиот тим го бара пиштолот, тој го следи своето претчувство и открива меѓународен заговор при решавањето на случајот.