Posted on Leave a comment

Оди, пред да те засакам многу, од познатиот музичар и писател Туна Киремитчи

Оди, пред да те засакам многу (2002 г.) е за оние на кои им е познато и љубењето и заминувањето. Носталгија, љубовни разочарувања, брак, тага на предоцното сфаќање еден со друг и борбата да се преживее и покрај болката… Првиот роман на Туна Киремитчи ја раскажува приказната на Арда Акад, којашто откако во несреќен случај го губи синот, се засолнува во куќата на својата мајка во Ескишехир. За нејзиното навраќање на годините од нејзината рана младост во родниот дом и повторното искрснување на момчето кое е јунак на нејзината прва љубовна приказна, дваесет и три години подоцна…

Романот предизвика огромен интерес во Турција и важи за еден од најважните книжевни настани во годината кога се објави.

Tuna Kiremitci Cover-page-001

 

 

 

 

 

 

За писателот

Туна Киремичи е роден 1973 година во Ескишехир и од најрана возраст почнува да се занимава со поезија и музика. Во периодот кога се оддалечува од музиката го напишал својот прв роман „Оди, пред да те засакам многу“, а потоа следуваат романите: „Во оваа работа има некаква осаменост“, „Тројца на пат“, „Молитвите се постојани“, „Сладолед за малечкото“, „Есен во Солун“, „Љубовен проблем“, „Аеродинамичките проблеми на летачките килими“ и „Оној што сам се сака, не плачи“. Некои од овие романи ги адаптирал во филмско сценарио или театарски претстави. Како писател инспирација му се трагедиите на обичните луѓе, дилемите на машко-женските односи во општеството и меланхолијата на стареењето. Сите овие инспирации ги користи за креирање и тажни и среќни концепти и е под влијание на таканаречената „романтична иронија“ во турската литература. Неговите романи се преведени и објавени на 16 јазици.

Како дипломиран филмски режисер потписник е на неколку краткометражни филмови и еден игран долгометражен филм. Еден период се занимава и со новинарство.

Во 2016 година изјавува дека става крај на својата кариера на писател и дека ќе продолжи да се занимава само со музика и поезија. Освен за себе, пишува текстови и компонира музика и за многу познати турски музички ѕвезди.

Posted on Leave a comment

Како да го заработиш првиот милион

Оваа книга претставува пародија на мотивациските книги од типот „златни совети“. „Како да го заработиш првиот милион“ на Богдан Костин, нѐ внесува во трагикомичниот свет на нашето секојдневие во кој живеат луѓе подложни на гротескни компромиси, свет во кој сè e на продажба. Кога ќе ти се појави добра идеја за брзо збогатување и згора на тоа си млад претприемач, не ти преостанува ништо друго освен идејата да ја спроведеш во пракса. Се откажуваш од добро платената работа во агенцијата за рекламирање и тргнуваш по сопствен пат со единствена цел, да заработиш милион долари. Анонимниот наратор на овој роман, „јунакот на нашите дни“, својата идеја ја спроведува на најцинични и најневообичаени начини, воден од девизата: Смртта продава. Тој ја ползува смртта на луѓето со цел на клиентите да им ги продаде своите продукти, претворајќи болести, самоубиства и предозирања во емотивни приказни кои треба да стигнат до срцата на тие кои, во потрага по сензации, се хранат со шарените страници на списанијата и светлината на телевизискиот екран. Потпомогнат од помошници без никакви скрупули, и употребувајќи еден кршлив и неморален систем, тој успева да си го оствари сонот.

Преводот од романски на македонски јазик е на проф. д-р Ермис Лафазановски.

За авторот

AVT_Bogdan-Costin_5211

Роден во 1975 година, Богдан Костин е еден од ретките романски писатели што заработуваат за живот од своето пишување. Тоа е затоа што, покрај неговите романи и претстави, тој пишува и за маркетинг потреби, и до сега има има освоено многу награди на национални и меѓународни фестивали од областа на маркетингот, меѓу кои Голден Драм, АДОР, Ефи. „Како да го заработиш првиот милион“ беше бестселер во Романија, ценет и од читателите и од критичарите.

Posted on Leave a comment

Милева Ајнштајн, теорија на тагата од Славенка Дракулиќ

Кога, тукушто стигната со своите синови во Берлин, каде што нејзиниот сопруг, најславниот научник на XX век, Алберт Ајнштајн, само што добил работа, ќе добие писмо со Услови за нивниот меѓусебен живот, и онака напукнатиот живот на Милева Ајнштајн сосема ќе се преврти. Останува сама, со своите синови, со големиот товар на тагата што ја носи во себе, со сите падови коишто ги имала во животот и оние што допрва ќе ги доживее.
Личноста што била предодредена за најголеми научни дострели, генијалната математичарка, првата жена на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Цирих, секогаш различната и поинаква Милева Ајнштајн родена Мариќ, од богато војводинско семејство, е со речиси парадигматична судбина кога размислуваме за положбата на жените во тоа време.

Нејзината теорија на тагата е тешка како и која било теорија на релативноста, но и многу почеста од неа. Багажот на тагата што го носела од најраната младост до смртта, во којашто со текот на времето само се додавале тешки моменти, од куцањето и подбивот на децата, преку љубовта и неуспешниот брак со Алберт, до смртта на детето, болната сестра, незавршениот факултет, лошата материјална ситуација и тешката болест на најмладиот син, е товар што може да го разбере секоја читателка или читател.

Славенка Дракулиќ во романот Милева Ајнштајн, теорија на тагата го оживува генијот во неговото семејство. Пред нас се појавува опиплива, вистинска, полна со живот, но и со депресија Милева, жената во којашто се огледуваат сите улоги коишто жените постојано и одново ги поднесуваат и со коишто се носат посилно од кој било маж.

За авторката

drakulic2-071112_0

Славенка Дракулиќ, родена 1949 год. во Риека, се вбројува во една од најпознатите и наjпреведуваните писателки од Хрватска. Објавува есеи, романи и стручна литература и пишува за бројни весници и списанија.  Во 2005 год. за делото „Keiner war dabei – Kriegsverbrechen auf dem Balkan vor Gericht“ ја добива „Лајпцишката книжевна награда за европско разбирање“. Славенка Дракулиќ живее во Шведска и во Хрватска.

Posted on Leave a comment

Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул

За време на османлискиот период Султанот Сулејман побарал од Фузули, познат писател од Хила, да ја преработи приказната за Лејла и Меџнун – една од најголемите љубовни приказни на сите времиња, инспирација за љубовните приказни како Ромео и Јулија.

Но, приказната на Лејла и Меџнун не е обична љубовна случка.

Фузули открива дека во неа има илјадагодишна мистерија:
Има седум вистински тајни за тие што знаат љубов што е.
Оној што ќе ги има седумте тајни ќе владее со светот.
А вратите за одговорите на седумте тајни се во урнатините на Вавилон, Багдад, Истанбул, Рим и Париз.
Така започнува долгата потрага по книгата на Фузули за откривање на тајните и за докажување на мистеријата.

За авторот

15585025_1155332944514708_3811143627185119862_o

Искендер Пала е роден во Ушак во 1958 година и го завршува факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет во 1979 година. На истиот универзитет докторира на одделот за османлиска диван литература (1983) каде станува доцент (1993) и професор (1998). Со цел да ѝ ја приближи диван литературата на пошироката народна маса, пишува кратки приказни, есеи, академски студии и написи во весниците, кои биле инспирирани од класичната поезија. Семинарите и конференциите за диван литература што тој ги
приредува се мошне посетени.
Искендер Пала ги добива: наградата на Здружението на турските писатели за јазикот (1989), наградата AKDTYK на Фондацијата за турски јазик (1990) и наградата за есеј на Друштвото на турските писатели (1996). Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Негови други дела се: Лалето на Истанбул, Шахот и султанот, Пламен, Михмандар, Легенда, Помеѓу две битки, Книга за љубовта, Четириесеттата порта…
Оженет е и татко на три деца и сè уште е дел од наставниот кадар на Универзитетот во Ушак.

Posted on Leave a comment

По трагата на гралот од Светислав Басара

Овој роман е вториот дел од култното дело „Фама за велосипедистите“ од Светислав Басара. Продолжение на оние добро познати редови кои пред триесетина години беа своевиден културен и општествен инцидент. Во него продолжуваат патешествијата на луцидните евангелистички велосипедисти на Крстот на розата. Самиот Басара, во негов манир, за ова дело пишува: „…посоодветно е овој роман да не се смета за предмет од овој свет. Тој е како оние Борхесови објекти Хронир, создадени од чисти желби; објекти кои не изгледаат како да се разликуваат од секојдневието, но кои по завршувањето на задачата што ја имаат почнуваат да бледнеат и да исчезнуваат“.

Posted on Leave a comment

Романса во малото гратче од Григори Канович

„Романса во малото гратче“ е реквием за предвоените Евреи, за луѓето и начинот на живот кој беше трагично уништен.

Автобиорафскиот роман е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот.

Воден од споменот на неговата сакана мајка,
маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот маѓепсан семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.
Преводот на оваа книга е поддржан од Литванскиот институт за култура

kanovich

Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Posted on Leave a comment

Промоција на „Креветизам и хоризонтала“ во Скопје

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ ја направи долгоочекуваната скопска епизода од промоцијата на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј во кафулето „Цреша“.

Настанот беше поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“.

 

42495753_1676030595835624_7552902532083744768_n 42268500_1673332066105477_750832773798821888_n

42296300_1673330096105674_8179662063002451968_n 42297063_1673330789438938_5161017326337785856_n 42303782_1673329189439098_1934835552272515072_n 42310995_1673330339438983_2411866647737401344_n   42429511_1673331936105490_2031533923443408896_n42251807_1673328839439133_3242353897892741120_n

42342644_1673330586105625_961060071339458560_n

Posted on Leave a comment

„1000синови_1000сенки“ и „Московски квартет“ од Методи Златанов

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ деновиве објави две книги од Методи Златанов. Тоа се „1000синови_1000сенки“ и „Московски квартет“.

Во предговорот за „1000синови_1000сенки“, Златанов пишува:

Овој curiosity killed the cat_самопредизвик го прифатив примарно за да покажам дека, во својата морбидна ексцентричност, суицидните пораки (suicide notes) се еден особен книжевен жанр. Намерно си допуштив малечка доза belle lettre, за да не ги вознемирам оние што искрено ме имаат во својот живот. Но, тоа е само воведната иницијатива во потфатот. Секако намерата не ми беше да составам декадентна салонска збирка од измислени проштални писменца, иако дури и на најнеочекувани места (во фрагментирана форма) светската литература е полна со нив, а и самата фасцинација од зборовите, од последните напишани зборови пред неповратното финале е нешто возбудливо само по себе.

Методи Златанов е добро познат во литературните кругови и досега има објавено дваесетина поетски збирки. Неговата поезија и специфичниот поетски дискурс се препознатливи по своето експериментирање во однос  на мешањето на медиумите (визуелниот и текстуалниот), како и во експресивната употреба на интерпункцијата и неконвенционалата структурата на стихот.

Posted on Leave a comment

„Разузнавачки извештаи“ од Хорхе Асис, најдобриот писател на политички романи во Аргентина

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави романот „Разузнавачки извештаи“ од аргентинскиот писател Хорхе Асис.

Во романот „Разузнавачки извештаи“ сè е лукаво и со две острици. Исто како и оние разузнавачки извештаи што ги разменуваат агентите на тајните служби, а кои ја обликувале темната позадина на еден период од аргентинската историја. Како идеална тема за проникнувачката и застрашувачка проза на Хорхе Асис, „Разузнавачки извештаи“ првпат е објавен во 1987 година, но е зачудувачки актуелен и релевантен и денес. Во овој роман може да се прочитаат затскриените интриги и заплети кои ја распарчуваат Аргентина, буквално и метафорично.

HO6UWfKQ_400x400Хорхе Асис е најдобриот писател на политички романи во Аргентина, а сите неговите дела се бестселери. Асис е новинар, писател, дипломат. Тој беше амбасадор на Аргентина во УНЕСКО, во Франција и Португалија, Национален секретар за култура…

Posted on Leave a comment

„Лесна глава“ на руската писателка Олга Славникова на македонски јазик

Со силни, духовити реченици и остра анализа, квази-книжевниот експеримент на Олга Славникова ги става архетипските руски квалитети на тест – но под услови на глобализација: индивидуализмот наспроти комунизмот, самостојноста наспроти општеството, подготвеноста да се направат жртви наспроти егоизмот. Прашањето е: Колку вреди денес руската душа?

„Лесна глава“, која деновиве на македонски јазик ја објави „Прозарт Медиа“ во превод од руски на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов ќе можеше да се дефинира како политичка фарса, доколку немаше многу горчлив крај, горчлив како оној во дистописката адаптацијата на Орвел – „Бразил“ на монтипајтоновецот Тери Гилијам.

slavnikova

Олга Славникова е родена во 1957 година во близина на Екатеринбург. Пишува критики и есеи за повеќе руски магазини и списанија. Била член на жирито на Рускиот Букер во 1999 година. Во 2000 година била дел од одборот за наградата за краток расказ на Нови мир, а денес ја доделува дебитантската награда на фондот Поколение. Нејзиниот роман „Вилино коњче, порасна до кучешка големина“ беше меѓу финалистите за Букоровата награда во 1997 година. За романот “Сам во огледалото” ја доби наградата „Базгов“ и беше номинирана за Букеровата награда во 2000 година. 2006 година ја доби наградата Руски Букер за нејзиниот роман „2017“. Добитник е и на наградата „Џенима“ во САД. Олга Славникова живее во Москва.