Posted on Leave a comment

Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул

За време на османлискиот период Султанот Сулејман побарал од Фузули, познат писател од Хила, да ја преработи приказната за Лејла и Меџнун – една од најголемите љубовни приказни на сите времиња, инспирација за љубовните приказни како Ромео и Јулија.

Но, приказната на Лејла и Меџнун не е обична љубовна случка.

Фузули открива дека во неа има илјадагодишна мистерија:
Има седум вистински тајни за тие што знаат љубов што е.
Оној што ќе ги има седумте тајни ќе владее со светот.
А вратите за одговорите на седумте тајни се во урнатините на Вавилон, Багдад, Истанбул, Рим и Париз.
Така започнува долгата потрага по книгата на Фузули за откривање на тајните и за докажување на мистеријата.

За авторот

15585025_1155332944514708_3811143627185119862_o

Искендер Пала е роден во Ушак во 1958 година и го завршува факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет во 1979 година. На истиот универзитет докторира на одделот за османлиска диван литература (1983) каде станува доцент (1993) и професор (1998). Со цел да ѝ ја приближи диван литературата на пошироката народна маса, пишува кратки приказни, есеи, академски студии и написи во весниците, кои биле инспирирани од класичната поезија. Семинарите и конференциите за диван литература што тој ги
приредува се мошне посетени.
Искендер Пала ги добива: наградата на Здружението на турските писатели за јазикот (1989), наградата AKDTYK на Фондацијата за турски јазик (1990) и наградата за есеј на Друштвото на турските писатели (1996). Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Негови други дела се: Лалето на Истанбул, Шахот и султанот, Пламен, Михмандар, Легенда, Помеѓу две битки, Книга за љубовта, Четириесеттата порта…
Оженет е и татко на три деца и сè уште е дел од наставниот кадар на Универзитетот во Ушак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.