Posted on Leave a comment

Излезе од печат книгата за деца „Волшебната книга“ од Фатих Ердоган

„Волшебната книга“ од Фатих Ердоган е една од најпознатите книги за деца во Турција, во поново време. Во книгата се раскажува за детскиот сон и за тоа како една волшебна книга може да помогне во активноста на децата и во спознанието на тоа дека децата мора да се трудат и сами да го остварат успехот, не потпирајќи се целосно на родителите, наставниците итн.

Авторот Ердоган, пак, важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.