19.

250 ден

Опис

Романот „19.“ е своевидна љубовна исповед за една напуштена жена, кажана на нешаблонски раскажувачки начин, живо, духовито и читливо. Авторката Ацеска умее да го држи интересот на читателот земајќи ја градбата за своето дело од нашата препознатлива современост, со ситуации, разговори и ликови што се случуваат околу нас, во нашата сегашност.

проф. д-р Алексaндар Прокопиев

Ништо не е едноставно во оваа навидум едноставна разговорлива, високо фреквентна книга во која
едноставното и очигледното го кријат длабокото и недостижното. Сите делови, сите хибридни приказни (од есеј до расказ, од прозна матрица до драмска ситуација) си играат со едноставното и го предизвикуваат читателот заедно да ги откријат сите потзаскриени, намерно и директно, парчиња литературно богатство што кога ќе се откријат ве прават уште повеќе да ја сакате книгава и уште еднаш да ја препрочитате.

проф. д-р Ана Стојаноска

За авторката

vericaВерица Ацеска е родена 1976 година во Прилеп. Дипломирала (2003) и магистрирала (2013) меѓународна економија и бизнис на Економскиот факултет во Прилеп. Романот “19.” е нејзиниот прв литературен обид, кој го пишува во 2011 година, по наговор на нејзина другарка за учество на конкурсот “Новите” на Okno.mk. После тоа активно продолжува со пишување на проза и поезија, која најчесто ја објавува по социјални мрежи. Во 2013 се натпреварувала на Poetry Slam Prilep и текстовите и се објавени во збирката заедно со текстовите на сите учесници од таа година.

Додатни информации

Број на страници

84

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2019

ИСБН

978-608-256-035-9

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “19.”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.