Опис
Елена Алексиева која македонските читатели претходно ја познаваат како особена романсиерка, со книгата раскази „Читателска група 31“ моќно ја покажува својата автентична раскажувачка сила во современата бугарска и европска проза.
Во овие раскази таа го гради својот наративен свет меѓу мизерното и духовитото, меѓу баналното и возвишеното, со немирно богатство на стил и јазик со помош на коишто длабоко но и едновремено лесно навлегува и ја истражува природата на имагинацијата од повеќегласна перспектива на ликови, расположенија, ситуации, амбиенти.
Со оваа книга раскази Елена Алексиева не опчинува со убедливоста и длабочината на својот редок свет на доживеаното и проживеаното.
Александар Прокопиев






Коментари
Нема критики сеуште.