Опис
ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА „ЈУТАРЊИ ЛИСТ“ ЗА НАЈДОБРО ПРОЗНО ДЕЛО
Што ако можете да патувате низ времето?
Дали би се вратиле во минатото за да го спречите Злото?
Дали е оправдано, под одредени околности, да се убие невино човечко суштество?
Токму околу оваа морална дилема е изграден романот „Кристкинд“, раскажан низ очите на патник низ времето од Сплит на крајот од XX век.
Во приказната мајсторски се преплетуваат историски и готски елементи. Сместен во длабоката австриска провинција од XIX век,
романот го следи главниот лик додека се соочува со необјаснива локална мистерија. Во пансионот каде што престојува е пронајдено телото на едно девојче со траги од вампирски угриз, а неколку месеци претходно во истиот пансион престојувал и Брам Стокер, авторот на „Дракула“.
„Кристкинд“ е роман на хрватскиот писател и новинар Борис Дежуловиќ, кој на мајсторски начин ги спојува историскиот роман, научната фантастика, хоророт и политичката сатира.






Коментари
Нема критики сеуште.