Опис
Новинарката Ева одамна е опседната со судбините на исчезнатите жени. Кога мистериозно исчезнува млада лекарка, случајот станува поттик за истражување што ќе ја одведе низ лавиринт од тајни, предрасуди, моќ и човечки судбини. Во исто време, Ева се соочува и со сопствените рани, неправдите што ги преживеала и осаменоста што ја следи со години.
„Изгубена душа“ е возбудлив роман на Фатмира Алиај што ги преплетува мистеријата, општествената критика и интимната драма во приказна за жените кои исчезнуваат, жените кои преживуваат и жените кои одбиваат да молчат. Роман за храброста, достоинството и потрагата по вистината во свет во кој не секоја загуба остава трага.






Коментари
Нема критики сеуште.