Опис
Нашата прва љубов…
Никогаш не е лесно да се опише,
никогаш не е лесно да се зборува за неа, особено во нашата младост.
Најпознатиот турски современ писател за деца, Фатих Ердоган, прекрасно ги прикажува овие чувства и им помага на нашите млади читатели во процесот на разбирање на љубовта.
Бестселер во Турција, со продадени 18.000 копии. Фатих Ердоган во 2017 е номиниран за најзначајната награда за детска литература во светот, „Астрид Линдгрен“.
За авторот
Авторот Ердоган важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.
Коментари
Нема критики сеуште.