Што е маж без мустаќи

300 ден

Опис

Анте Томиќ вешто прикажува типично рурално опкружување, но иако се чини дека се потсмева со неговите херои занимавајќи се со нивните судбини, тој ги опишува со многу љубов и сочувство како голем познавач на тој менталитет, знаејќи дека под грубоста, тврдоглавоста и примитивизмот, во суштина се кријат добри луѓе.
Според романот „Што е маж без мустаќи“ режисерот Хрвоје Хрибар сними наградуван филм со исто име во 2005 година.

– Смешни и надреални ситуации, честопати на границата на ендемичен рурален монтипајтонизам, изобилуваат во романот „Што е маж без мустаќи“.
– Шармантна и неодоливо духовита приказна, да речеме, со „чешки“ книжевен сензибилитет, но со страсти достојни за балканското поднебје и гласна динарска театралност, комбинирана со безброј интриги во медитеранската атмосфера…
Теофил Панчиќ за „Што е маж без мустаќи“

За авторот

tomic_ante_650Анте Томиќ (1970) е познат хрватски писател. Толку познат, и толку многу пати споменуван во весниците и на телевизија, што сериозно размислува да си испечати визит-картички на кои ќе го напише токму тоа под неговото име – познат хрватски писател. Работи како новинар за „Јутарњи Лист“, а неговите саботни колумни се омилено четиво за сите оние кои сакаат да се насмеат дури и кога ситуацијата во земјата е лоша. Како писател досега има напишано четири романи: „Што е маж без мустаќи“, „Ништо не треба да нè изненади“, „Љубов, електрична енергија, вода и телефон“ и „Чудо во Поскокова Драга“. Има објавено и збирка раскази „Заборавив каде паркирав“, две книги со фељтони „Фолклорен фестивал“ и „Класа оптимист“ и две книги со колумни – „Покорниот граѓанин“ и „Момче кое ветува“. Заедно со Ивица Иванишевиќ го напишал сценариото за филмот „Последната волја“, а заедно со Рајко Грлиќ сценариото за „Нека остане меѓу нас“. Во соработка со Ренато Баретиќ и Ивица Иванишевиќ, го има напишано и сценариото за ТВ серијата „Ново доба“. Во 2005 година, Хрвоје Хрибар го сними филмот „Што е маж без мустаќи“ врз основа на неговиот прв роман, а една година подоцна Рајко Грлиќ го сними филмот „Караула“ базиран на неговата книга „Ништо не треба да нè изненади“.

Додатни информации

Број на страници

201

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-067-0

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Што е маж без мустаќи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…