Царевиот лудак

500 ден

Категорија: Автор:

Опис

Во Царевиот лудак, ремек-дело на најпознатиот и најценетиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос (1920-2007), го запознаваме Тимо вон Бок, вистинска историска личност од времето на Александар Ι, кого царот заради искреноста го протерал и го прогласил за луд. Имено, за да го исполни ветувањето кое му го дал на царот уште во детството – дека секогаш ќе му ја кажува вистината – тој горлив идеалист му испраќа писмо во кое го критикува неговото владеење, но тоа не е вистината која царот сака да ја чуе. Романот е пишуван во форма на дневник кој го води шурата на Тимо, а бројните алузии на советскиот режим и неодоливиот хумор на авторот придонеле за големата популарност на делото во Естонија, но и во светот, за што говори и податокот дека Царевиот лудак е преведено на дваесетина јазици и овенчано со бројни награди.

Своите дела Крос ги пишувал за да ја надмудри цензурата, но фасцинацијата со неговиот опус на Запад само делумно произлегува од тоа. Дорис Лесинг

за авторот

Jaan_Kross_(1987)_by_Guenter_PrustЈАН КРОС (1920-2007) е најистакнат и напреведуван естонски писател. Студирал на Универзитетот во Тарту, каде во 1944 дипломирал право. Таму предавал до 1946, па повторно во 1998. Во годината 1944 Германците го уапсиле и затвориле на шест месеци, а во 1946 советската власт го депортирала во сибирски гулаг. Враќајќи се од логорот во 1954, професионално почнал да се бави со пишување. Веќе во 1936 во списанија за млади почнал да објавува песни и куси приказни. Неговите романи и поезијата, кои се бават со односот на вистината, лудилото и моќите, се преведени на 23 јазици, а неговите дела ширум светот се продадени во повеќе од милион примероци. Крос се смета за заслужен за оживувањето на жанрот историски роман во Естонија. Описите на историските судири меѓу Естонците и балтичките Германци се метафора на современиот отпор на советската окупација.

Освен што е плоден автор, Крос е познат и како преведувач, меѓу другото на дела на Шекспир и Брехт. Во 1995 година е одликуван со германско високо државно признание за заслуги и развивање на односите меѓу Германија и Естонија, па така станал првиот Естонец кој примил такво признание од воспоставувањето на естонската независнот. Во 1996 година добил и највиско естонско државно одликување. Повеќе пати бил номиниран за Нобелова награда за книжевност.

Додатни информации

Број на страници

449

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2017

ИСБН

978-608-256-009-0

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Царевиот лудак”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *