Скиселени тикви

250 ден

Опис

„Збирката куси-куси раскази „Скиселени тикви“ на Саша Станишиќ претставува исклучително компактно, зрело и умешно книжевно достигнување во македонската литература. Достигнување кое, за среќа, ќе успее на книжевната мапа на Скопје да постави и една неговата населба, едно негово предградие кое досега не побудило посебен интерес кај ниеден македонски писател. Но, тоа е само еден помеѓу другите аргументи за вредноста на оваа книга“ – Владимир Јанковски

„…во мини-расказите на Станишиќ животот живее книжевно! Неговата авторска перцепција е одбирна и ефикасна. Без претерувања, без големи зборови, без драматични теми и личности, а животна, смешна и потсмешлива, задоволство за читање“ – Александар Прокопиев за „Скиселени тикви“

За авторот

1962382_10152074873301220_612015178_oСаша Станишиќ е роден во Приштина 1979-та година. Завршил Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје и филмска и ТВ режија на ФДУ – Скопје, каде што има и магистрирано.

Како режисер се потпишува на повеќе кратки филмови: “Мангава диско панк” (дел од омнибусот “Скопје ремикс”), “Митот за Сара”, “Долу од рајот”. Доцент е на отсекот за филм и дигитални медиуми при ЕФТА во Скопје.

Живее и работи во Скопје како режисер, сценарист и продуцент.

“Скиселени тикви” е негова прва збирка раскази.

Додатни информации

Број на страници

90

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2019

ИСБН

978-608-256-038-0

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Скиселени тикви”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…