Сестрите Палавееви во бурата на историјата

350 ден

Опис

Првиот партизански роман напишан по крајот на комунизмот во Бугарија! Романот на Алек Попов „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ нè носи во бурата од 1940-тите, храбро соочувајќи се со историските митови, надвор од идеолошките матрици. Втората светска војна е во полн замав, а во Бугарија има остри граѓански конфликти. Две девојки од богато семејство во Софија, близначките Кара и Јара, бегаат од нивниот дом за да пристапат кон партизанското движење. Тие се наоѓаат во одредот на Мечок, суров и авторитарен командант со убедувања од советското воено разузнавачко училиште. Веднаш по нивното доаѓање, прекрасните близначки носат превирања во срцата на борците. Само неколку часа подоцна одредот е во заседа… „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ е роман во кој е пренесена историја на битки, предавства, смрт и опстанок, исполнети со апсурдни и трагикомични ситуации, од мајсторот на иронијата, Алек Попов!

за авторот

1Eден од водечките современи бугарски писатели кој работи не само како автор на романи туку и како драматург, есеист и писател на кратки приказни.

„Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ ја доби наградата Хеликон за најдобра прозна книга во 2013 година и е преведен на германски и српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година.
Со текот на годините, Алек Попов има добиено голем број награди за литература, како што е наградата Елијас Канети за романот „Црната кутија“ во 2007 година; наградата Хеликон за најдобра прозна книга на годината во 2002, 2013; Чудмировата награда за сатирична фантастика; наградата The Reading Man Prize; Националната награда за драма Иван Радоев, награда на Фондацијата Елизабета Костова за современ бугарски роман, организирано во соработка со Peter Owen Publishers, итн. Во 2019 година ја доби наградата „Прозарт“ што ја доделува фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.
Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.

Додатни информации

Број на страници

319

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2019

ИСБН

978-608-256-040-3

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Сестрите Палавееви во бурата на историјата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *