Опис
Во оваа пародија за киднапирање и исчезнување – „свињите“ е колоквијален термин за луѓето кои исчезнаа за време на аргентинската диктатура во 1970-тите.
Авторот Бруцоне ја раскажува судбината на две девојки, кои веруваат дека се киднапирани и бараат засолниште, приближувајќи се кон млад човек кој во тој момент го носи ѓубрето надвор. Енди се согласува да ги заштити девојките, но плашејќи се од можните реакции на неговата сопруга, тој одлучува да ги чува како тајна во просторијата каде што вежба караоке. Чичко Гордини е соучесник на Енди низ целата приказна, а заедно, двете девојки и нивните чувари – или киднапери? – ќе доживеат низа авантури кои пркосат на каква било логика или судбина.
Бруцоне во оваа книга сугерира свет на целосна слобода или бес, реалност која се граничи со апсурдот. Па така, марсовци, зајачици и лудо киднапирање се само некои од елементите во овој фиктивен универзум.
за авторот
Аргентински писател. Роден е во 1976 година во Буенос Аирес. Студирал литература на Унивезитетот во Буенос Аирес. Прогласен е за еден од десетте најважно автори во последната декада од страна на најтиражниот весник во Аргентина „Кларин“.
Коментари
Нема критики сеуште.