Романса во малото гратче

500 ден

Опис

„Романса во малото гратче“ е реквием за предвоените Евреи, за луѓето и начинот на живот кој беше трагично уништен.

Автобиорафскиот роман е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот.

Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот маѓепсан семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.
Преводот на оваа книга е поддржан од Литванскиот институт за култура.

kanovich

Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Додатни информации

Број на страници

472

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2018

ИСБН

978-608-256-032-8

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Романса во малото гратче”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…