Продавница за чудни миленичиња

400 ден

Категорија: Автор:

Опис

Во нашиот древен Охрид живеат близнаците Марко и Марика. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се
трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа дома не им дозволуваат да чуваат животни. Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа. Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни, туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да и помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет. Децата се наоѓаат во разни ситуации, им помагаат на луѓе кои им се сосема непознати, патуваат по градот и околината, правејќи откритија со надеж дека нивната најголема желба наскоро ќе се исполни. Неочекувано на чудните животни им се заканува сериозна опасност и само децата можат да ги спасат. Ако ве интересира каде е закопана златната маска, кој е тој Дљуњ, како може да се размагнетизира Маги, зошто на змејовите им растат мачешки мустаќи и кому му е наменет Јуми, ова е книга за вас.

Книгата е наменета за деца од 6 до 12 години

Додатни информации

Број на страници

268

Димензии

200

Година на издавање

2023

ИСБН

978-608-256-135-6

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Продавница за чудни миленичиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…