Опис
ГОДИНИТЕ КОГА ЦАРИГРАД СЕ ПРЕТВОРИ ВО ИСТАНБУЛ Одмазда и страст… Добрина или зло… Животи расфрлани меѓу спротивностите… Време на жртвувања и луѓе за жртвување… И време кога меѓу Османлиските улеми со неспоредлива слава се беше протнал еден неверник. Неверник со генијален ум за зло, испечен на огнот на одмаздата. „Признание“ е роман чија секоја реченица ќе се чита со восхит и љубопитност. Роман од секогаш извонредното перо на Искендер Пала.
За авторот
Искендер Пала е роден во Ушак во 1958 година и го завршува факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет во 1979 година. На истиот универзитет докторира на одделот за османлиска диван литература (1983) каде станува доцент (1993) и професор (1998). Со цел да ѝ ја приближи диван литературата на пошироката народна маса, пишува кратки приказни, есеи, академски студии и написи во весниците, кои биле инспирирани од класичната поезија. Семинарите и конференциите за диван литература што тој ги
приредува се мошне посетени.
Искендер Пала ги добива: наградата на Здружението на турските писатели за јазикот (1989), наградата AKDTYK на Фондацијата за турски јазик (1990) и наградата за есеј на Друштвото на турските писатели (1996). Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Негови други дела се: Лалето на Истанбул, Шахот и султанот, Пламен, Михмандар, Легенда, Помеѓу две битки, Книга за љубовта, Лејла и Меџнун, Четириесеттата порта…
Оженет е и татко на три деца и сè уште е дел од наставниот кадар на Универзитетот во Ушак.
Коментари
Нема критики сеуште.