Преку границата

400 ден

Опис

Од добитничката на Интернационалната ПЕН Пинтер награда

САМАР ЈАЗБЕК

ПРЕКУ ГРАНИЦАТА

МОЕТО ПАТУВАЊЕ КОН РАСПАРЧЕНОТО СРЦЕ НА СИРИЈА

Самар Јазбек е познaта писателка и новинарка во нејзината родна Сирија. Но, во 2011 година, поради притисок од режимот на Асад, е принудена да побегне. Сепак, решена да сведочи за страдањата на својот народ, таа повторно ја посетува нејзината татковина, влегувајќи преку дупка во оградата на турската граница.

Во овој роман, таа сведочи за ужасната реалност во Сирија денес. Од првите невини демонстрации за демократија, преку почетоците на Слободната сириска армија, до доаѓањето на ИСИС, таа нуди извонредни слики на војници, деца, обични мажи и жени кои едноставно се обидуваат да останат живи.

Некои од овие приказни се екстремно тешки и брутални, но Јазбек, исто така, дава сведоштво за присуството на хуманоста: како луѓето живеат под погледот на снајперистот, како принципиелните млади мажи се обидуваат да им се спротивстават на наредбите од нивните воени претпоставени, како децата се вкопуваат во бункерите…

Портретите на животот на Јазбек во Сирија се многу реални, а нејзината проза, прозрачна. Преку границата е несомнено важен историски документ и виртуозно книжевно дело.

Моќно и потресно… Можеби еден од првите политички класици на 21 век

Опсервер

Додатни информации

Број на страници

363

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2018

ИСБН

978-608-256-029-8

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Преку границата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…