Прекршени судбини

350 ден

Опис

Ивана, жена со палестинско и ерменско потекло, излегувала со британски лекар во 40-тите години на минатиот век, среде палестинскиот егзодус, по што емигрирала во Англија. После половина век подоцна, нејзината ќерка Џули има задача да ја исполни последната желба на Ивана: да ја однесе нејзината пепел во нивниот стар дом во Акре. Таа и нејзиниот сопруг Волид заминуваат од Лондон на пат за Палестина.
Напишан во четири дела, секој како концертно движење, пионерскиот нов роман на Рабаи ал-Мадхун го истражува палестинскиот егзил, со сите комплексности. Со широк поглег, опфаќајќи ја и својата историја, тој ја опишува трагедијата во секојдневниот палестински живот.

ЗА АВТОРОТ

rabai1134Рабаи ал-Мадхун е палестински писател и новинар, роден во Ал-Maјдал, Јужна Палестина во 1945 година. Неговото семејство заминало во Газа за време на Накба во 1948 година и подоцна студирал на универзитетите во Каиро и Александрија пред да биде протеран од Египет во 1970 година поради неговите политички активности. Тој е автор на реномираниот роман „Дамата од Тел Авив“ кој беше во потесен избор за Меѓународната награда за белетристика на арапски јазик во 2010 година и работел за голем број арапски весници и списанија, вклучувајќи ги и Ал-Кудс ал-Араби, Ал-Хајат и Ал-Шакре ал-Авсат. Во моментов живее во Лондон, Велика Британија.

Додатни информации

Број на страници

315

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2019

ИСБН

978-608-256-058-8

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Прекршени судбини”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *