Опис
Овој роман е вториот дел од култното дело „Фама за велосипедистите“ од Светислав Басара. Продолжение на оние добро познати редови кои пред триесетина години беа своевиден културен и општествен инцидент. Во него продолжуваат патешествијата на луцидните евангелистички велосипедисти на Крстот на розата. Самиот Басара, во негов манир, за ова дело пишува: „…посоодветно е овој роман да не се смета за предмет од овој свет. Тој е како оние Борхесови објекти Хронир, создадени од чисти желби; објекти кои не изгледаат како да се разликуваат од секојдневието, но кои по завршувањето на задачата што ја имаат почнуваат да бледнеат и да исчезнуваат“.
За авторот
Светислав Басара е романсиер, раскажувач, есеист и драмски писател. Автор е на повеќе од триесет романи, збирки раскази, драми и есеи. Добитник на многу српски и меѓународни книжевни награди. По петооктомвриските промени во Србија, беше амбасадор на СРЈ и на државната заедница на Србија и Црна Гора во Кипар.
За романот “Подемот и падот на Паркинсоновата болест” 2007, ја доби НИН-овата награда. Неговите книги се преведени на англиски, француски, германски, италијански, унгарски, турски, словенечки, бугарски, украински, македонски и романски. Живее во Белград.
Коментари
Нема критики сеуште.