Опис
ПЕ ПРАШУВА ЗА РАЃАЊЕТО е трета од низата сликовници во кои момчето Пе (Петар) го прашува светот околу него. Прво Пе не добил одговори од сликовницата на неговите прашања за небото и боите, ниту за тоа што е добро, а што зло. Затоа сега Пе од тетка Сликовница сака да открие како дошол на свет.
Тетка Сликовница одолговлекува со својот одговор и на крајот успева повторно сѐ да заобиколи.
Но, важно е дека Пе продолжува да собира информации и од нив си создава свој свет, а сето тоа заедно со тетка Сликовница, неговите родители и малечката Ана.
Коментари
Нема критики сеуште.