Паралел

250 ден

Опис

Втората книга на авторката Верица Ацеска повторно носи езотеричен наслов „Паралел“, и повторно, како и во првата „19“, насловот сугерира многу различни потенцијали, но, впечатливо ја крие својата содржина. Напишана поблизу до стилските експресии на филмските автори, фокусирана на човечките судбини, притоа водејќи се од линијата на тоа дека светот функционира според одредени правила во таканаречената „божја компензација“, оваа книга (роман, новела, сторија) пред нас како читатели прикажува неколку денешни/современи ликови, напишани според животните случувања како директни, живи, релјефни партитури, што многу ретко се сретнуваат низ нашата книжевна практика. „Паралел“ е животна приказна, каква што се случува околу нас, нам или на луѓето што ги знаеме, која се обидува сите оние проблематични карактерни особини „да ги оправда“ со позадинската приказна, токму онака како што е тоа и во животот. Напишана без осудување, без директно заземање за одреде¬на судбина, без конкретно наративно водење, туку искрено, изворно, внимателно и остро прецизно со директни рела-ции, какви што милуваат сериозните филмски наративи, оваа книга е новина, свежина, насушна за денешните чита¬тели. Истовремено силна психолошки, но непретенциозна, современа и директна, втората книга на Верица Ацеска покажува дека македонската книжевност има потреба од вакви автори.

проф. д-р Ана Стојаноска

За авторката

3Верица Ацеска е родена 1976 година во Прилеп. Дипломирала (2003) и магистрирала (2013) меѓународна економија и бизнис на Економскиот факултет во Прилеп. Активно се занимава со пишување на проза и поезија. Авторка е на романот “19.”, Прозарт медиа, 2019.

Додатни информации

Број на страници

177

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-070-0

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Паралел”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…