мачка човек куче

400 ден

Опис

Кратките приказни во книгата мачка човек куче тематски се поврзани со поимите од насловите. Но тоа не е книга за милениците, за кучето и мачката како за нижи суштества, а за човекот кому кучето и мачката, како на виш и господар, му служат во досадата, чудаштвото, самотијата, емоционалната осуетеност итн. Како што сугерира самиот начин на кој е напишан насловот, во овие приказни тоа се три рамноправни ентитети, нивните животи (и смртта, за смртта особено!) се врзуваат еден за друг и зависат еден од друг како кај автономните суштества, неподредените. Тие прават заеднички свет во кој се случуваат работи во исто време чудни и уверливи, а сето благодарение на одличната умешност во создавањето куси приказни. Којзнае, кога сè ќе слегне и ќе се просее низ рецептивно сито и решето, нема ли да се покаже дека во самиот темел на книжевноста на Јерговиќ секогаш и била токму уметноста за куси приказни? – Иван Ловреновиќ

За авторот

JergovicМиљенко Јерговиќ е еден од најзначајните писатели во регионот на поранешна Југославија. Тој е роден во 1966 година во Сараево, а денес живее во Загреб. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија. Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди, како наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ (1995), Италијанската Premio Grinzane Cavour (2003), Ангелската книжевна награда за најдобар роман во Средна Европа (Полска, 2012) наградата „Његош“ (2015), Прозарт (2017). Тој е најчитаниот автор во регионот.

Додатни информации

Број на страници

226

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-071-7

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “мачка човек куче”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…