Магијата на сатаната

350 ден

Опис

Дејствието на романот се случува за време на трагичните неколку недели во јуни-јули 1941 година, кога германската армија во ненадеен напад ја совладува Црвената армија и за неколку денови ја окупира Литванија.

Канович го ограничува просторниот хоризонт на неговиот роман во мало изолирано село, длабоко во Литванија. По избувнувањето на војната, се чини дека селото е отсечено од околниот свет a сите нормални врски прекинати. Селото е премногу незначително за Германците да се задржат таму, па жителите се оставени сами на себеси.

Писателот Канович ги истражува духовните длабочини на ликовите, едноставни Евреи и литвански селани, изложувајќи ги нивните силни и слаби морални страни. Тој им дозволува да зборуваат со нивните гласови и да ги артикулираат своите ставови, но како сезнаен наратор тој ја води приказната – последната трагична историска крстосница каде што долгогодишниот мирен еврејско- литвански соживот се распаѓа засекогаш.

Вистинскиот интерес на Канович е да го истражува основниот и универзален етички конфликт помеѓу доброто и злото, што ги надминува границите на конкретниот простор и време.

Преводот на оваа книга е поддржан од Литванскиот институт за култура.

За авторот

kanovich

Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Додатни информации

Број на страници

263

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-059-5

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Магијата на сатаната”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…