Опис
Што прави детенцето кога не може да заспие?
Се врти десно, се сврти лево, се превртува наопаку, се обидува сè ииии…., одлучува да брои овци!
И така, го посетува овцата број Седум. А што прават со неа? Па, се разбира, скокаат на облак, шетаат низ целиот свет, ја среќаваат коалата што не може да заспие, пијат млеко од облак, па пијат сон за бесконечен сладолед, сон за крилест велосипед, и што уште не!
Прочитајте ги авантурите на коалата што не можеше да заспие во луксузно издание со тврди корици!
За авторката
Зејнеп Севде е родена во Истанбул, во 1983 година. Својата прва бајка ја напишала во второ одделение. На татко ѝ толку му се допаднала бајката, што ја пречукал на својата дактилографска машина и ја закачил на највидното место во куќата. Тој ден таа решила да стане писателка. Детството и младоста ги минала смислувајќи книги во библиотеката на татко си. Исто колку што ги сакала книгите, ја сакала и науката.
Од ѕвездите па сè до атомите, верувала дека светот е една бајка. Поради тоа и студирала физика на Техничкиот универзитет Јилдиз. Во 2002 година го започнува да работи како научен технички уредник. На тој начин, веќе го имаше заземено своето место зад кулисите на книгите. Работела како уредник, преведувач,
репортер и издавачки директор во многу списанија, весници и издавачки куќи. Во 2007 година ја основа „Тазе китап“, која издава детски книги и списанија. Ги напишала „Животински атлас“, сериите „Зелениот дневник“ и „Супер тетратка“, „Коалата што не можеше да заспие“ и многу други. Сè уште секој ден чита и пишува книги во библиотеката на „Тазе китап“.
За илустраторот
Серхат Албамја е роден во 1985 година во Бурса. Веднаш штом се родил, почнал со плачење да бара боици и хартија, но никој не го сфатил, па причината за неговото плачење ја припишале на „имањето гасови“. Поради тоа, му требало малку повеќе време за да стигне до целта. А кога стигнал, веќе никогаш не ги оставил моливот и хартијата. Иако се школувал за учител, никогаш немал можност да ја работи таа работа. Наместо тоа, се занимавал со дрводелство, бил касиер, потоа се занимавал со трговија со играчки, режирање на цртани филмови и илустрација. Во овој миг, веројатно, свири на укулеле и пее песни, пресреќен од завршените цртежи за оваа книга.
Коментари
Нема критики сеуште.