Опис
Оваа книга, оценета во книжевната критика како пример за „експериментална екстремност“ и „формално најпретенциозен творечки обид“ на младата српска проза од 1980-тите, е олицетворение на визијата на авторот за „неверојатен роман до болка“ и за стереографските простори на пишувањето на „Бесконечни книги“. И токму во годината пред објавувањето на „Хазарски речник“, овој роман ги предвидува натамошните трендови во проучувањето на литературното дело, особено во контекст на концептите на нелинеарното читање, на ергодичната литература…
ЗА АВТОРОТ
Сава Дамјанов е роден во Нови Сад, во 1956 година. Пишува проза, книжевно-историски есеи и критика; уредувал неколку списанија и изданија. Предава на Филозофскиот факултет во Нови Сад и бил визитинг гостин професор на низа факултети во странство.
Подготвувал за печат дела на српски писатели од 18, 19 и 20 век. Автор е на антологија на старата српска еротска литература и постмодерна фикција, како и на неколку уметнички прозни книги, научни книжевни студии, збирки есеи и критики.
Коментари
Нема критики сеуште.