Истанбул, Истанбул

450 ден

Опис

„Насилна љубовна поема за Истанбул, раскажана во паузите меѓу мачењата од четворицата затвореници во ќелијата под градот. Ода на болката која ги спојува Достоевски и Декамерон.“

  • Џон Ралстон Саул, писател, поранешен претседател на Меѓународниот Пен центар

„Околу Сонмез може да се види соѕвездие од книжевни светови, кои ги вклучуваат и Маркес, Танпинар, Толстој, Витгенштајн и иранската поетеса Форуг Фарохзад.“

  • Фабиот де Пропис, ил Манифесто

Содржина:

Четворица затвореници во една од подземните ќелии на Истанбул раскажуваат приказни за градот над себе, минувајќи го така времето меѓу мачењата. Четирите главни ликови: доктор, студент, старец и бербер, ги опишуваат различните лица на градот, секој на свој начин и преку сопствениот поглед на светот, раскажувајќи и за своите љубови и страдања. Во ќелијата наспроти нив, младата девојка е нем, но силен глас на непокорлив отпор. А под земјата и над земјата е градот Истанбул со сиот свој рај и пекол – најважниот лик во романот. Град во кој има исто толку страдање и надеж колку и во ќелиите под него.

Дејствието на овој роман се случува во текот на десет дена и како и Декамерон има десет поглавја, а наратор на секое од нив е еден од ликовите во ќелијата.

 

 

 

 

 

Додатни информации

Број на страници

297

Димензии

129 x 198

ИСБН

978-608-256-116-5

Година на издавање

2022

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Истанбул, Истанбул”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…