Златна прашина

250 ден

Опис

ЗЛАТНА ПРАШИНА

Златната прашина се случува во свет на контрасти – ненаселени карпести висорамнини, бујни оази и далечни пасишта кои изобилуваат со митска флора и фауна, опколени со бескрајни пустелии низ кои поминуваат само сточари на камили, дервиши и повремени каравани. Фокусот на овој роман не е самата пустина, туку повеќе животот на пустинските жители во нивната борба со силите кои се надвор од нивната контрола. Во ехото на големиот трактат за човечкото општество на Ибн Халдун, – Ал-Мукадима – времето во Златната прашина се движи од циклуси наместо во редови. Навистина, пустината не е безвремена, туку периодична – со влажни периоди со изобилство и бујност, следена со суша и тешкотии. Човечкото време, исто така, во овој роман се движи на овој начин: карактерите растат и свенуваат, победуваат и губат; караваните доаѓаат и си одат, носејќи со себе свети луѓе и бегалци, богатство и мизерија. И секогаш, во позадината се ветриштата на империјата која го шиба пустинскиот свет, со варварските Французи и Италијанци од север и последиците од појавите и пропаѓањата на африканските кралства на југ.

 

Stimmen Afrikas

за авторот

Ибрахим ал-Кони (арапски: إبراهيم الكوني) е либиски писател и еден од најплодните aрапски романсиери.
Роден е во 1948 година во регионот Fezzan, Ибрахим ал-Кони бил израснат во традицијата на Туарезите, популарно познати како „сините мажи.“ Митолошки елементи, духовна потрага и егзистенцијални прашања се мешаат во делата на Ал Кони кој го опишуваат како магичен реалист, суфи баснописец и поетски романсиер.
Тој го поминал детството во пустината и научил да чита и да пишува на арапски кога имал дванаесет години. Ал-Кони дипломирал општа и компаративна книжевност на Институтот за литература „Максим Горки“ во Москва, а потоа работел како новинар во Москва и во Варшава.
До 2007 година, Ал-Кони објавил повеќе од 80 книги и е добитник на голем број награди. Сите книги му се напишани на арапски и се преведени на 35 јазици. Неговиот роман „Златна прашина“ беше објавен на англиски јазик во 2008 година.

Додатни информации

Година на издавање

2021

Година на издавање

2016

Број на страници

171

Димензии

129 x 198

ИСБН

978-608-256-005-2

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Златна прашина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…