Загубените музичари

400 ден

Опис

-Иако новелите на Вилијам Хајнесен се во голема мера фарски, тие се толку универзални што читателот автоматски им се предава на нивната магија, нивната енергија и интензитет и бива опфатен од перспективите што тие ги нудат.
The Independent

Музиката е во срцето на оваа книга. Преданоста на група музичари-аматери коишто го прават квартетот Боман, ќе спречи серија од драматични настани да се претвори во тажна трагедија. Музиката му овозможува на секој од нив да се издигне над сопствената мрачна ситуација. Но, таму има и хумор, особено во сатиричното портретирање на локалните членови на сектата предводена од банкарскиот менаџер Анкерсен, додека тие залудно се обидуваат да им го скршат духот на музичарите. Тука е и многу поприземниот хумор на Јаниксен, огромниот ковач којшто е целосно под власт на неговата теснограда жена, припадник на сектата.
Дејството се одвива во мал фарски град на почетокот од XX век, којшто денес е главниот град на Фарските Острови, Торсхавн.

За авторот

fi_stor_faces_0000_williamВилијам Хајнесен генерално се смета за еден од најголемите ако не и најголем скандинавски романописец на дваесеттиот век.

Вилијам Хајнесен (1900-1991) бил роден во Торшавн на Фарските Острови, син на мајка Данка, а татко му бил од Фарските Острови, каде по дома еднакво се зборувале двата јазика. Иако го поминал поголемиот дел од неговиот живот на Фарските Острови, тој одлучил да пишува на дански јазик, бидејќи чувствувал дека му нуди поголема инвентивна слобода. Иако меѓународно признат како поет и романописец, тој својата егзистенција ја обезбедувал како ликовен уметник. Неговите дела варираат од големи мурали на јавните згради до масла, графики, карикатури и колажи.

Додатни информации

Број на страници

371

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2019

ИСБН

978-608-256-034-2

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Загубените музичари”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *