Опис
– Другарска приказна од животот на едно аутистично дете, приказна што авторот, а и тоа дете, силно ја посакува да се случи. Приказна кажувана топло, но и вистинито, без прикривање, за неговата осаменост наспроти неговата желба за дружење, што еден ден ќе се оствари кај Школка, во градскиот парк, при средбата со девојчето со креда.
Раскажувачот го познава и го сочувствува светот на детето Другарко, оттаму и зборот и цртежот во оваа ретка и потребна книшка-сликовница и самите стануваат негови големи другари!
Проф. д-р Александар Прокопиев
Коментари
Нема критики сеуште.