Дожд и хартија

250 ден

Опис

Ова е роман над чии меланхолични и потресни страници се надвива озвучената стварност на еден актуелен и контроверзен свет во кој јунаците на Тасиќ тежнеат да се ослободат од внатрешните и надворешните прогонства. Хероината, како раскажувач, ја сведува својата животна приказна меѓу Нови Сад, Лондон, Даблин… во чии рамки прозборуваат многу нејасни блиски пријатели како пријатели како актери во потрагата за ослободување и отелотворување на своите соништа, распрснати по градовите на Европа и Америка. Романот е слика на културата и нејзините чудесни евокации, удари и екстази, имагинативна, иронична и горчлива приказна за една генерација, за еден град, за знаењата, поврзаноста и емоциите кои се распрснуваат во принудните животни избори и неговата неостварена поезија. Раскажан во преплетување на ерудицијата и иронијата, на фикцијата и потресниот документаризам, со неспорно раскажувачко мајсторство, овој роман е автентично и силно сведоштво за нашето време, роман кој го афирмира Тасиќ како еден од најубедливите претставници на новиот дух во српската книжевност.

„Дожд и хартија“ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година. Делото ја добива и наградата Златен сончоглед за 2004 година.

За авторот

Vladimir-Tasic2-250x250ВЛАДИМИР ТАСИЌ Нови Сад, 1965), романсиер, есеист и наратор. Предава математика на Универзитетот во Њу Бранзвик, Канада. Има напишано две книги со раскази –
„Псевдологија фантастика“ (1995) и „Радоста на бродоломците“ (1997), три романи – „Проштален подарок“ (2001), „Дожд и хартија“ (2004) и „Стаклен ѕид“ (2008) и четири книги есеи.
За романот „Проштален подарок“ ја доби наградата на Радио Белград 2 за книга на годината на српски јазик. Романот е објавен на француски, германски, англиски, словачки и словенечки јазик. „Дожд и хартија“ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година. Делото ја добива и наградата Златен сончоглед за 2004 година. Романот е објавен на  француски и на македонски јазик. „Стаклен ѕид“ е објавен на француски јазик. Книгата есеи „Математика и корените на постмодерното мислење“ е објавена на англиски, шпански и кинески јазик.
Тасиќ живее во Канада од 1988 година.

Додатни информации

Број на страници

282

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2017

ИСБН

978-608-256-012-0

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Дожд и хартија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *