Опис
Кога родителите ќе ѝ го доверат девојчето на зеленокосата Секвојана којашто живее сама во колиба во шумата, тоа на почетокот не знае што да мисли за оваа самотничка. Секвојана зборува малку, одговара на прашањата со прашања и изгледа како да е решена да го натера детето да ја преиспита точноста на она што го знае за животот и природата. Но, како што девојчето минува сè повеќе време со оваа чудна старица, тоа почнува многу повеќе да ја разбира. Исто како и шумата во којашто таа живее и Секвојана е полна со безброј изненадувања и ќе го научи девојчето да се поврзе и да стане едно со шумата без да се обидува да ја контролира, ќе го научи дека секое живо суштество е скапоцено и ќе го научи и на најважното нешто, да ја учи шумата.
Книгата е наменета за млади од 12+ години.
Коментари
Нема критики сеуште.