Опис
Што мислите, дали бубамарите и светулките имаат и овчарчиња? Мислите дека не? Се плашам дека не сте во право! Пиколо е мало овчарче за бубамари и знае убаво да свири на кавал. Еден ден Пиколо ги губи бубамарите и почнува да ги бара. Ноќта паѓа додека Пиколо трага и тој наидува на Камелија, мала светулка, која му помага да ги пронајде изгубените бубамари. Но, Камелија никогаш не го видела изгрејсонцето!
Прочитајте дали бубамарата и светулката заедно ќе го видат изгрејсонцето во една од најдобрите детски фикции некогаш напишани во Грузија. Авантура полна со опасност и акција којашто нè учи колку е голема силата на пријателството и какви убави и импресивни работи може да направи пријателството и љубезноста.
Коментари
Нема критики сеуште.