КАЛЕД КАЛИФА
НЕМА НОЖЕВИ ВО КУЈНИТЕ НА ОВОЈ ГРАД
Во некогаш убавиот град Алепо, едно сириско семејство навлегува во трагедија и пропаст. Убавата и темпераментна Савсан флертува со претставници на законот и владејачката партија, по што се бара себеси во религијата, за жал, никогаш не наоѓајќи спасение. Таа и нејзините браќа, сестри и мајка полека се задушуваат од насилството и распаѓањето во Алепо, додека нивните животи се ограбувани од брутален режим. Дејствието во наградуваниот роман се одвива помеѓу 1960-тите и 2000-тите години, прикажувајќи ни ги целосно системите на страв и контрола. Со елоквентност и чесна објективност, Калед зборува за прогонот на целото општество.
Извонредно напишан, хронолошки комплициран роман кој со задоволство се чита… Напнат, со луксузен реализам збогатен со изненадувачки метафори. Лиричен, сензуален и така семантички богат, што на моменти потсетува на прозна поема… Тажна, но убава книга, која опишува важен човечки аспект во контекст на ескалацијата на сириската трагедија – Гардијан