УГЉЕША ШАЈТИНАЦ
СОСЕМА СКРОМНИ ДАРОВИ
Исклучителен и современ епистоларен роман за двајца браќа кои, разменувајќи си мејлови, сведочат за своето американско и српско, њујоршко и банатско секојдневие. Роман за Банат и Њујорк. Семеен роман, во кој низ судбински икушенија на главните протагонисти, на возбудлив и впечатлив начин се говори за најгорливите социјални и општествени прашања на нашето време. Шајтинац напишал потресна и провокативна хроника на нашите денови, книга во чии писма со автентична сила говори за последниве децении од нашите животи. Жесток и страстен, непоткуплив и ангажиран роман. „Сосема скромни дарови“ е добитник на Европската награда за литература, Виталовата награда за најдобра книга на годината и наградата „Бора Станковиќ“
Изданието е објавено со финансиска поддршка на Министерството за култура и информирање на Република Србија.
За авторот
Угљеша Шајтинац (Зрењанин, 1971), драмски писател, раскажувач, романсиер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек Драматургија, 1999 година. Од 2005 предава драматургија на Академијата за уметности во Нови Сад. Романи: Чуда на природата (1993), Нада живее на крајот од градот (2002), VOK ON! (2007), Сосема скромни дарови (2011). Роман за деца: Ледината на Ветрушка (2006). Книга раскази: Чемер (1997). Драми: Реквизитер (1999), Правото на Рус (2001), Зборувате ли австралиски? (2007), Ледината на Ветрушка (2008), Лепетот на моите белодробни крила (2009). Претставите според драмите на Угљеша Шајтинац освен во српски, играни се и во британски и американски театри. Радиодрами: Во бунар (1998) и Ѓаконот на Богородичната црква (драматизација на романот на Исидора Секулиќ, 1999). По драмата Hudersfild настанал и истоимениот игран филм (2007). 155 За драмата Hudersfild добил и Стериина награда за најдобар современ драмски текст на Стеријино позорје 2005. За книгата проза VOK ON! ја добил и наградата „Биљана Јовановиќ“ за книга на годината. За романот Сосема скромни дарови ја добил Виталовата награда за книга на годината, Наградата „Бора Станковиќ“ за книга на годината и Европската награда за литература. Живее во Зрењанин.