ХОРХЕ АСИС
РАЗУЗНАВАЧКИ ИЗВЕШТАИ
Во овој роман сè е лукаво и со две острици. Исто како и оние разузнавачки извештаи што ги разменуваат агентите на тајните служби, а кои ја обликувале темната позадина на еден период од аргентинската историја.Како идеална тема за проникнувачката и застрашувачка проза на Хорхе Асис, „Разузнавачки извештаи“ првпат е објавен во 1987 година, но е зачудувачки актуелен и релевантен и денес.
Во овој роман може да се прочитаат затскриените интриги и заплети кои ја распарчуваат Аргентина, буквално и метафорично.
за авторот
Хорхе Асис е најдобриот писател на политички романи во Аргентина, а сите неговите дела се бестселери. Асис е новинар, писател, дипломат. Тој беше амбасадор на Аргентина во УНЕСКО, во Франција и Португалија, Национален секретар за култура…