СИНАН АНТУН
ОСАМЕНАТА КАЛИНКА
Младиот Џавад, роден во традиционално шиитско семејство на мијачи на тела во Багдад, решава да ја напушти семејната традиција, избирајќи да стане скулптор, да го слави животот наместо да тежнее кон смртта. Тој се запишува на Академијата за ликовни уметности во Багдад, во спротивност со желбите на неговиот татко и решава да го гради својот сопствен пат. Но, околностите на историјата диктираат поинаков развој на настаните.
Диктатурата на Садам Хусеин и економските санкции од 1990-тите ја уништуваат социоекономската структура на општеството. Инвазијата во 2003 година и воената окупација ослободуваат невидено секташко насилство. Лешовите се нижат еден по друг, а Џавад му се враќа на неизбежното миење. Обучен како уметник кој ги обликува материјалите за да го претставува естетскиот живот, сега мора да размислува како смртта го обликува секојдневниот живот и телата на жителите на Багдад.
Преку борбите на едно очајно семејство, романот на Синан Антун ни го покажува срцето на комплексната и насилна понова историја на Ирак. Повлекувајќи се во подземниот свет, каде што границите помеѓу животот и смртта се нејасни и каде што нема засолниште од бескрајните кошмари, Антон го обликува светот на големите таги, свет во кој ветровите плачат.
Осамената калинка е извонредно достигнување … компактно ремек-дело, напорна, моќна и потполно апсорбирана приказна која, за среќа, ќе му обезбеди на Антун поширока, меѓународна читателска публика“ – The National