Жените на Карантина

жените на карантина

НАЕЛ ЕЛТОУХИ

ЖЕНИТЕ НА КАРАНТИНА

Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската литература. Барокен криминален роман чие дејствие започнува на 28 март 2064 година, во Александрија од иднината, од млад Египетски писател кој ветува. Романот „Жените на Карантина“ на писателот Елтоухи не треба да го гледаме само како вообичаена современа сатира, туку како наследник на темниот хумор на Палестинскиот писател Хабиби. Всушност, романот на Елтоухи е во дел смешен египетски филм, дел социјална критика, а во дел голем роман кој наликува и на хумористична верзија на “Децата од нашата улица“ од нобеловецот Нагиб Махфуз.

 

Badry_Rain_over_Baghdad_cvr_2013

за авторот

Наел Елтоухи е автор, преведувач и новинар од Египет. Тој е роден во 1978 година во Кувајт, а со неговите родители се преселиле во Египет во 1981 година. Ја објавил својата прва збирка раскази („Технички промени“) во 2003 година, и оттогаш има објавено 3 романи. Исто така, има преведено две книги од хебрејски. Во 2009 година, започна блог со цел да се преведат текстовите од модерната израелска литература.