Екатерини

ekaterini

МАРИЈА КНЕЖЕВИЌ

ЕКАТЕРИНИ

Романот „Екатерини“ е приказна за модерна Пенелопа, која мора да патува и да страда во потрага по својата татковина. Пренесена преку женски наратив, оваа луцидна и полна со хумор лирска проза е сместена во дваесеттиот век на Балканот.

Приказната за „обичниот“ живот на жени кои живеат низ турбулентните историски настани нѐ носи во Грција на почетокот на дваесеттиот век, па во Белград, потоа низ Втората светска војна, соочувањето со Сталинизмот и социјализмот, па се до бомбардирањето на Белград.

Кнежевиќ силно прикажува традиционална биографија но преку специфичен хумор и пародија, демистифирајќи го секојдневието, оставајќи ја нараторката слободно да си ја раскаже нејзината страна на приказната.

Marija_Knežević

за авторот

Марија Кнежевиќ, родена 1963 год. во Белград студирала компаративна книжевност. Завршила последипломски студии на Државниот универзитет во Мичиген, каде што и предавала креативно пишување.
Денес живее и работи во Белград. Покрај романот „Екатерини“ и романот во раскази ,,Храна за кучиња“,
Марија Кнежевиќ има објавено бројни дела, меѓу кои и и збирките поезија, „Елегиски совети за Јулија“, ,,Нешта за лична употреба, ,,Времето на Салома“ и ,,Моето друго ти“.