32 август

700 ден

Опис

Пред многу години Осмосветие било единствена целина. Но, се случила несреќа – светот се разлетал на Парчиња, и сега нив ги дели превез од густа дебела магла, во која не се решава да влезе никој освен загадочните бестрашни темнооди.

Ово е едно од таквите Парчиња. Во него се одгледува спокојство, се води грижа за мечтите и се пече смеата. Во последниот ден од летото таму стигнува дванаесетгодишната Вика и не знае како да го пронајде патот до дома, во септември, бидејќи следното утро во Ово настапува 32 август.

Вика ќе најде не само пријатели, туку и непријатели. Неа ја очекуваат неверојатни авантури полни со опасности, а читателите ќе нурнат во свет полн со пријатни чуда во сите бои на виножитото и населен со необични жители.

„Осмосветие. 32 август“ е првата книга од долгата и маѓепсувачка приказна за добрината, подмолноста, пријателството, како и за тоа дека треба да се умее да се избираат мечтите и со нежност да се носат во душата.

Книгата е печатена целосно во колор.

Додатни информации

Број на страници

164

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2025

ИСБН

978-608-256-175-2

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “32 август”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…