Опис
Госпоѓицата Задутре ја запознав многу одамна, уште во времето кога беше малечка и за прв пат си заигра со Времето. Работите тогаш не завршија добро за неа, затоа што нејзиниот вујко Темпус Први, ја изгони во далечните предели на царството, на еден остров сред временскиот вител, далеку од семејството и пријателите, а единствено друштво и беше музиката. Така, госпоѓицата Задутре порасна и стана тинејџерка. Ја сретнав многу подоцна…
Скоро и дека не ја препознав со нејзината виолетова коса, асиметричната облека и бунтовниот дух. Ми рече дека има големи планови и мечти. Ми вети вртоглави патувања низ минатото и иднината, ако ќе ја придружувам на нејзиното ново патување. Не можев да ја одбијам и се најдов сред авантура преполна со пирати и сенки, со вештерки и музичари, мрачни предели и возбудливи љубовни приказни.
Адина Росети
Книгата е наменета за деца од 10 + години.
Коментари
Нема критики сеуште.