Три мачки, едно чудовиште

Macki CUDOVISTEТри мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.

 

 

 

 

За авторот

Sara_Sahinkanat1

Сара Шахинканат (Истанбул, 1966 г.) се занимавала со преведување и работела во рекламниот сектор. Во 2001 година на свет дојде нејзиниот син Тан. Сликовниците што ги пишуваше за да му се допаднат нему, сега ги пишува и за други деца. Во 2009 година на меѓународниот натпревар во ракотворби на книги, во Ошима, Јапонија ја доби наградата Acceptance со книгата Гуштеровата волшебна опашка. Нејзината книга Кој се плаши од Црвенкапа? беше избрана за Најдобра сликовница од ÇGYD – Интернационален совет за книги за младина на Турција, во 2009 година.

За илустраторот

Ајше Инан Алиџан (Анкара, 1972 г.) дипломирала во 1994 година на Факултетот за убави уметности при Универзитетот Хаџитепе, на отсекот графика. Во Анкара работела илустрации, карикатури и графички дизајн во неколку весници, списанија и издавачки куќи. Учествувала во групни изложби во нејзината земја и во странство. Со книгата Јаболковата пеперутка ја добила наградата Успех на Универзитетот Хаџитепе.
Книгата Кој се плаши од Црвенкапа? ја добила наградата Најдобра сликовница од ÇGYD во 2009 година и е издадена и во Шпанија.