Новела за едно младо момче и за смртта, за потрагата по идентитет и по загубениот татко, потрага што во исто време е и потрага по Бога. Книга полна со симболизам, практично без сиже и во целост потпрена на силните карактери и на сликите, книга без фантазии, но и без реални нешта.
Свет во којшто пеперутките можат да врескаат, змиите се толку мудри што не сакаат да ја трошат својата вечност на случајни движења, штурците им пренесуваат нешто на луѓето, смртта оформува сенки, во тој заборавен агол од бездната на планетата, каде што времето е немоќно.