Скиселени тикви

korica skiseleni tikvi final FB

Саша Станишиќ

„Скиселени тикви“

„Збирката куси-куси раскази „Скиселени тикви“ на Саша Станишиќ претставува исклучително компактно, зрело и умешно книжевно достигнување во македонската литература. Достигнување кое, за среќа, ќе успее на книжевната мапа на Скопје да постави и една неговата населба, едно негово предградие кое досега не побудило посебен интерес кај ниеден македонски писател. Но, тоа е само еден помеѓу другите аргументи за вредноста на оваа книга“ – Владимир Јанковски

„…во мини-расказите на Станишиќ животот живее книжевно! Неговата авторска перцепција е одбирна и ефикасна. Без претерувања, без големи зборови, без драматични теми и личности, а животна, смешна и потсмешлива, задоволство за читање“ – Александар Прокопиев за „Скиселени тикви“

За авторот

1962382_10152074873301220_612015178_o

Саша Станишиќ е роден во Приштина 1979-та година. Завршил Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје и филмска и ТВ режија на ФДУ – Скопје, каде што има и магистрирано.

Како режисер се потпишува на повеќе кратки филмови: “Мангава диско панк” (дел од омнибусот “Скопје ремикс”), “Митот за Сара”, “Долу од рајот”. Доцент е на отсекот за филм и дигитални медиуми при ЕФТА во Скопје.

Живее и работи во Скопје како режисер, сценарист и продуцент.

“Скиселени тикви” е негова прва збирка раскази.