Кога за прв пат се појави во боксерскиот клуб на Капетан Али, Саед го исмејуваа поради неговите буржоаски манири, а потоа го победуваа и го понижуваа во рингот. Но, по едвај една година тренинг, тој стана познат и признат во светот на боксот. Во моментите на зголемена слава, Саед се соочува со предизвикувачот поради којшто влезе во рингот. Но, по која цена?
Романот на Абу Талеб е книга за тешки победи и порази. „Сите битки“ е привлечна, одлично напишана приказна за идентитетот и лична трансформација.
ЗА АВТОРОТ
Маан Абу Талеб, основач и уредник на „Ма3азеф“, арапскиот светски водечки музички магазин на интернет, магистрирал филозофија и современа критичка теорија. Роден е и израснат во Аман, Јордан, додека сега живее во Лондон, Обединетото Кралство.