И во вториот дел од сагата за сестрите Палавееви, шармантните близначки фатени во виорот на Втората светска војна, ја притискаат педалата до крај, во најлудата авантура во нивните животи.
А колку луда? Ако можете да вклопите и комбинирате филмови како „Неславни копилиња“ на Тарантино и „Банани“ на Вуди Ален, но и Монти Пајтон со епскиот наратив на Толкин, како и југословенските партизански филмови со винтиџ стрипови, можеби ќе погодите за што станува збор во овој роман.
Во Бугарија, капиталното дело на Алек Попов, е најавувано вака: „роман кој нуди многу повеќе од забава: смел, но болно верен поглед на историјата –
надвор од тотемите на идеологијата и политичката коректност – што делува на туморите од минатото со скалпел од смеа“.
За авторот
Eден од водечките современи бугарски писатели кој работи не само како автор на романи туку и како драматург, есеист и писател на кратки приказни.
„Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ ја доби наградата Хеликон за најдобра прозна книга во 2013 година и е преведен на германски и српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година.
Со текот на годините, Алек Попов има добиено голем број награди за литература, како што е наградата Елијас Канети за романот „Црната кутија“ во 2007 година; наградата Хеликон за најдобра прозна книга на годината во 2002, 2013; Чудмировата награда за сатирична фантастика; наградата The Reading Man Prize; Националната награда за драма Иван Радоев, награда на Фондацијата Елизабета Костова за современ бугарски роман, организирано во соработка со Peter Owen Publishers, итн. Во 2019 година ја доби наградата „Прозарт“ што ја доделува фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.
Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.