Светски прваци!

Светски прваци - Корица Принт-halfНеколку финалиња на светските првенства во кошарка (1970, 1978, 1990 и 1998) во коишто репрезентацијата на Југославија станува светски шампион, е приказна за „одржливиот“ спорт во државата којашто исчезнува.

Овој процес на постоење и исчезнување го следиме низ комбиниран радио пренос на емисијата „Време за спорт и разонода“ со вклучувања на Радио Белград, Загреб, Сараево и Љубљана (со славното: „Загреб, дали се слушаме?“ и со прекините во врските)

Светски прваци! е роман со вратоломни и духовити дијалози, итри и остри, коишто како да ја подражаваат брзината и краткоста на кошаркарските акции. Ретко кога зборот може успешно да ја интерпретира сликата. Тоа е тешко дури и за изговорениот збор (во радио-преносот), а камоли напишаниот збор. Во дијалошките мини бравури на Станковиќ, менталитетот на народите и народностите се враќа во живо. Во директните преноси, репрезентацијата на Југославија со бравурозна игра ги „уништува“ и Русите и Американците, а државата се уништува самата себеси; Југославија од врвот (спортот) до дното (општеството).

Компониран како омнибус, романот Светски прваци! нуди море од интерпретации, но над сè е омаж за непостоечката земја и нејзините спортски јунаци.

За авторот

SSСлавољуб Станковиќ е автор на романите „Кутијата“ и „Сплит“ (Геопоетика) и „Книги со впечатоци“ (со дизајнерот Славимир Стојановиќ), како и на романот за деца „Волшебникот Дандруф и изгубената книга“.

Дипломира на Филозофскиот факултет во Белград а специјализирал во областа на рекламирање на Универзитетот за уметности во Белград и се запишал на докторски студии. Автор е и на голем број реклами за домашни и странски брендови.

Станковиќ е исто така ко-сценарист на играниот филм „Кутијата“. Според „Книги со впечатоци“, тој создал истоимена анимирана серија, заедно со Душан Којиќ Која, Бранко Цитлик и Славимир Стојановиќ.

Неговите романи се преведени на англиски, словенечки и македонски јазик.