На покана од Министерството за култура на Турција и ТЕДА, издавачката куќа Прозарт медиа беше гостин на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул во ноември 2019 година. На штандот на Прозарт медиа беа остварени бројни контакти со турски и интернационални издавачи и литературни агенти. Штандот на Прозарт медиа го посети и министерот за култура, Хусни Исмаили.